Летна нега на кожата со млеко!

Објавено: 10 јуни, 2013, во 07:42 часот

За време на летото на нашата кожа и треба дополнително внимание затоа што зраците од сонцето и потта можат да бидат премногу штетни за кожата. Затоа е многу важно правилно да ја негувате кожата.

На пример млекото е едно од козметичките состојки кои можат да ја подобрат исушената кожа. Еве неколку делотворни начини за да се грижете за вашата кожа користејќи млеко како главна состојка.

 

Млеко за миење

Миењето на лицето со ладно млеко е релаксирачко и смирувачко за уморното лице. Откако ќе отидете дома, измијте го лицето со вода а потоа масирајте со млеко околу 2 минути. Измијте со ладна вода и исушете.

Млеко за чистење

Наместо да користите хемиски млека за чистење натопете вата во млеко и избришете го вашето лице. Јасно ќе ја видете нечистотијата на неа. Масирајте го лицето со млеко 2-3 минути а потоа измијте со ладна вода.

Млеко и мед

Летната нега на кожата мора да вклучи и мед. Измешајте мед и млеко и масирајте го лицето и вратот 10 минути. Измијте со ладна вода. Медот се бори против инфекции, акни и ја прави кожата мека.

Млеко и куркума

Измешајте млеко ,куркума, јогурт и вода од трендафил во чинија. Ставете ја оваа маска за лице за да ги избегнете летните изгореници и да направете пилинг на кожата. Исто така оваа смеса можете да ја користите како пилинг за да се ослободите од мртвите клетки и да ја исчистите кожата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.