Хит на летото : бели чевли!
Објавено: 11 јуни, 2013, во 10:02 часот
Белите обувки не секогаш се сметале за најсреќен избор. Но колку што трендовите се непредвидливи,зборува и фактот дека белите чевли оваа сезона станаа целосен must-have во орманот,поточно на ногата на секоја модерна жена.
Само неколку модификации, редизајн на потпетиците,модели кои сјаат или нешто трето не вовлече во светот на белите обувки.
Balenciaga, Balmain, Burberry Prorsumи многу други дизајнери предложија токму бели чевли а жените тоа со радост го прифатија и на улиците гордо шетаат во своите тренди парови.
Некои ќе речат дека белите чевли одговараат со се и ние ќе се сложиме само треба да се зане да се вклопат со гардеробата. Ако ви се допаѓа повој тренд,не се двоумете!
