Негувајте се со вазелин!

Објавено: 12 јуни, 2013, во 09:58 часот

Вазелинот можеме да го најдеме во секое домаќинство. Можете да го користите како козметички производ на стотина начини. Овде имаме неколку начини на кои можете да го искористите вазелинот.

Расцветани врвови

Расцветаните врвови се чест проблем кај многу жени. Можете да се ослободите од овој проблем со употреба на вазелин на врвовите на косата. Оставете го вазелинот на врвовите на косата некое време а потоа исплакнете го со ладна вода.

Сјаен кармин за усни

Сјајот за усни имаа сјаен ефект. Ако сакате дополнителен сјај на матираниот кармин нанесете малку вaзелин на усните. Тоа ќе ги спречи од сушење. Овој совет исто така го спречува размачкувањето на карминот по усните.

Испукани стапала

Стапалата често се суви па мораме секој ден да ги навлажнуваме за да бидат меки и чисти. Ако имате испукани стапала тогаш можете да се послужите со овој козметички производ. Нанесете вазелин на стапалата и носете чорапи пред да одите во кревет.

Пилинг за тело

Измешајте вазелин со шеќер и ставете го на телото. Овој пилинг ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата и ќе ја навлажни.

Отстранете ја шминката

Употребата на шминка не бара многу.,меѓутоа многу тешко е да се отстрани. Нанесете вазелин на лицето а потоа лицето избришете го со чиста крпа. Исто така можете да ја отстраните шминката од очи со помош на вазелин.

Под дезодорансот

Нанесете тенок слој вазелин на подрачјето под пазувите пред да го нанесете дезодорансот. Тоа ќе направи вашиот мирис да трае подолго.

Бели и меки колена

Недостигот на влага и сувоста ги прават лактите суви и груби. Освен тоа,кожата на лактите може да се избели со масирање со вазелин.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.