Исчистете ја вашата кожа со лимон!

Објавено: 14 јуни, 2013, во 08:20 часот

Колку пати сте купувале различни производи само за да добиете убава и чиста кожа? Сигурно не ни знаете.Но сега повеќе не мора да трошите пари на разни хемиски производи кога чиста кожа можете да добиете со помош на две состојки кои се наоѓаат во вашата кујна. Погледнете за што станува збор…

Земете половина лимон од фрижидер(не е важно ако имате претходно малку сок исцедено од него) и ставете неколку капки мед во него. Тријте го лицето со лимонот а особено внимание посветете на проблематичните делови на телото.

Оставете ја смесата од мед и лимон на вашето лице пет минути а потоа лицето измијте го со ладна вода. Освен тоа лимонот ќе ги обели темните дамки на вашето лице а мед ќе ја навлажни вашата кожа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.