Сочувајте ја бижутеријата!

Објавено: 15 јуни, 2013, во 09:17 часот

Многу жени денеска практикуваат да носат бижутерија наместо злато. Но таа со текот на времето го губи својот сјај и станува зелена. Еве неколку совети како да ја сочувате бижутеријата.

1.    накитот од бижутерија никогаш не смеете да го топите. Секогаш вадете го од себе кога се туширате или кога ги миете рацете.

2.    Накитот секогаш ставајте на крајот кога сте комплетно подготвени бидејќи во спротивно можете да го оштетите.

3.   Кога нанесувате лосион за тело обидете се да не го нанесувате на местото каде ќе го ставите накитот бидејќи остануваат флеки.

4.      Бижутеријата секогаш чувајте ја во кутијата за накит бидејќи на воздух доаѓа до нејзино оштетување.

5.    Понекогаш морате да го исчистите накитот а тоа направете го со топла вода и благ беби шампон. Тријте го накитот со четкичка за заби.

6.    Кога ја чистите куќата или миете садови секогаш извадете го целиот накит од себе за да не го оштетите од детергентот.

7.    Кога одите во теретана,на трчање или возење на велосипед извадете го целиот накит од себе за потта да не го оштети.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.