Шест модни детали кои го загрозуваат здравјето!

Објавено на 23 јуни, 2013 во 07:33

За да ги зачувате здравото тело и здравиот дух не е доволно само да вежбате адекватно да се храните и да спиете осум часа дневно. Верувале или не постојат парчиња облека кои негативно влијаат на вашето здравје.

Ослободете се од нив и избегнувајте :

Синтетички ткаенини

Не се сите синтетички ткаенини штетни но некои се едноставно полоши за кожата од другите. Полиестер ,најлон и спандекс можат да предизвикаат иритација на кожата. Многу синтетички ткаенини не се проѕирни и сериозно можат да и наштетат на кожата. Пред да ја купите облеката задолжително погледнете ја декларацијата и составот.

Тешки чанти

Носењето тешки чанти од ден на ден може да биде големо оптеретување и да предизвика силни болки во грбот. Сепак не се само чантите ризични за здравјето, едно истражување покажало дека и тешките ранци се извонредно штетни за рбетот.

Јапонки

Тие се одличен избор за плажа, базен или за туширање во теретана. Меѓутоа ортопедите никако не ги препорачуваат за долго одење. Кога долго носите јапонки, мускулите и тетивите се напрегаат премногу па може да дојде до задебелување и пукање на кожата на стапалата но и до болки во колковите и долниот дел на грбот.

Накит

Обетките па дури и огрлиците кои сте ги добиле на подарок секако дека изгледаат преубаво но дали знаете од кој материјал се направени? Најдобар начин да избегнете алергиски реакции ,вклучувајќи црвенило и чешање, е носење исклучиво на накит од нерѓав челик,титаниум,жолто злато и сребро.

Штикли

Иако нозете во високи потпетици изгледаат поубаво многу истражувања укажале на нивната штетност. Жените кои често носат штикли имаат проблеми со замор на мускулите,деформации и трајни повредни на стапалата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.