Густи трепки со помош на пудра!
Објавено на 27 јуни, 2013 во 09:40
Еве еден традиционален но сепак практичен начин кој на трепките ќе им даде неверојатно добар изглед и ќе наликуваат како вештачки трепки.
Сѐ што треба е бебешка пудра или сенка за очи во прав.
Нанесете ја маскарата на вообичаен начин и додека е сѐ уште водена, наросете од пудрата или од сенката за очи врз трепките.
Внимавајте додека го правите ова бидејќи очите мора да ги држите затворени.
Кога ќе се исуши, повторете ја постапката.
Ставете уште еден слој маскара и повторно од пудрата. Нека се исуши и овој втор слој од маскара и пудра и нанесте го последниот слој. Трепките ќе изгледаат како вештачки.
