Направете сами восок за депилирање!
Објавено: 8 јули, 2013, во 10:23 часот
Доколку немате време да одите кај козметичар а влакната на лицето стануваат премногу впечатливи и досадни,еве како сами можете брзо и лесно да го решите проблемот.
Што е потребно
Мала чинија, шпатула ,памук, памучна трака ,благо средство за чистење на лицето, 2 лажици кафеав шеќер, една лажица мед и парче лимон.
Подготовка:
Во чинијата ставете две лажици кафеав шеќер и лажица мед па загрејте ја смесата во микробранова додека сосем не се растопи и соедини. Држете ја чинијата на око бидејќи смесата може да зоврие. Кога смесата ќе биде во форма на густа течност извадете ја и додадете неколку капки лимон .Почекајте да излади и да стане млака.
Користење
Со дрвеното стапче внимателно нанесете ја смесата на влакната кои сакате да ги отстраните и тоа во правец на растење на влакната а потоа врз тоа силно залепете ја памучната трака. Со брз потег отстранете ја траката а со неа ќе ги отстраните и несаканите влакна. На памук ставете благо средство за чистење и отстранете ги сите остатоци од смесата.
Совет
Во случај да ги вадете несаканите влакна околу веѓите водете сметка смесата да ја ставите само на влакната кои сакате да ги извадите. Подобро е да се вратите ако сте прескокнале некое место отколку да отстраните влакна кои не сте сакале.
