Праска во маските!

Објавено на 9 јули, 2013 во 08:05

Поради своите квалитетни состојки кои ги содржи ова овошје е идеално за домашни маски и купки кои можете самите да ги направите. Поради тоа е многу честа состојка во разни козметички производи. Праската изобилува со витамините A, C и B,каротин и минерали како што се калиум, фосфор ,хлор, бакар, цинк, магнезиум, железо…

За сува и стара кожа

Направете пилинг со шеќер,потоа добро измијте ја кожата и избришете ја со крпа. Една зрела праска излупете, изрендајте ја и ставете ја во чинија. Земете малку сок од праска и тријте на кожата со кружна масажа додека добро не ја натопите. Потоа со виљушка изгмечете ја праската, додајте лажиче мед и една изматена жолчка и се добро измешајте. Со прстите нанесете ја маската на лицето, вратот, деколтето и рацете а доколку е течна преку неа ставете газа. Маската држете ја половина час, измијте ја и намачкајте лифтинг крем кој одговара на вашиот тип на кожа.

За нега на мрсна кожа

Направете пилинг така што ќе ги натопете рацете и лицето па на дланките налепете пченкарно брашно,добро втријте го на кожата и измијте со млака вода. Излупете и нарендајте една праска, додадете сок од половина лимон, малку овесни снегулки, се добро измешајте и оставете маската малку да отстои. Потоа нанесете ја на кожата ,држете половина час и измијте со млака ,па ладна вода.

За нормална кожа

Кога ќе направите пилинг,излупете поголема праска и изгмечете ја со виљушка. Потоа додадете лажица павлака или кајмак и добро измешајте. Легнете и намачкајте ја маската на кожата од деколтето кон лицето а со остатокот намачкајте ги рацете. После половина час измијте ја маската и ставете крем. Оваа маска совршено ја хидрира и ја освежува кожата.

Маска против брчки

Во блендер иситнете праска и домат па во смесата додадете лажиче мед и маслиново масло и добро измешајте. Нанесете ја маската на лицето и деколтето. После половина час маската прво измијте ја со млака а потоа со ладна вода и намачкајте потхранувачки крем.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.