Тренд на денот : Зелено, те сакам зелено!

Објавено на 10 јули, 2013 во 07:59

Нијанси на зелено ги обележаа пистите на Милано,Париз и Њујорк а потоа храбро зачекорија меѓу задолжителните парчиња на секоја жена која ја сака модата.

Смарагдно зелена,онаа која просто мириса на тропско цвеќе и шумите на Амазон, ги инспирира дизајнерите за време на создавањето на колекцијата пролет лето 2013 година но и за претстојните есен и зима.

Петролеј нијансата е полна со енергија идеална за инспирација на креациите на куќите Calvin Klein и Max Mara. За вечер изберете долг фустан со зелена боја која совршено ќе се вклопи во темно сината и црна нијанса на ноќта. За дневен изглед носете зелени панталони до зглобовите или опуштени туники, од материјал со висок сјај.

Бидејќи зелената совршено се вклопува во минималистичкиот концепт, носете ја со бело. Енергијата и свежината се баш она што и треба на секоја жена,особено за време на напорните работни денови на тропските температури.

Доколку сепак не сте минималист во душата, смарагдно и петролеј нијансите, совршено се вклопуваат меѓу тренд цветните дезени. Со портокалови додатоци ќе добите жива комбинација,која нема да мине незабележително. Неон боите полека избледуваат особено неон зелената и време е да се свртите на таинствените нијанси на оваа боја,која стои добро на сите без оглед на бојата на косата или тенот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.