Ретро фустаните се полн погодок!
Фустаните се дефинитивно најпопуларно парче облека за време на летото. Самоуверено го презедоа водството во куферот,најчест избор се за на плажа но и за вечерно излегување. Шик,практични,удобни,женствени и секси уште една причина зошто во летниот стајлинг терба да доминира фустанот.
Повеќе денови за време на летниот годишен одмор поминуваме на плажа или барем покрај неа затоа за ден избираме практични,едноставни фустани од природен материјал. За вечер можеме да си дозволиме повеќе. Фини материјали,повеќе детали и нешто попровокативни модели се најчест избор за летните вечери.
Веќе неколку сезони ретро стилот завладеа како со странската така и со домашната модна сцена. Тој тренд го прифатија и обичните жени а во нивниот стајлинг доминира ретро фустанот. Таквите модели се изразено женствени и романтични,претежно имаат беби јаки,нагласена половина или примероци,како популарните точкички. Одлично одговараат со рамни сандали но и оние на платформа.
Тесни секси модели
Ако романтиката сакате да ја оставите за некое друго годишно време ова лето изберете тесни фустани во јаки бои или со впечатлив примерок. Ваквите модели станаа популарни пред отприлика три сезони и од тогаш се основна понуда на бројни колекции.
Нежни фустани
Белата се вбројува во водечка летна боја и затоа не е чудно што поголем дел од летната понуда и е посветен неа. Одлично одговара со потемнетиот тен а со тоа и многу е едноставна за комбинирање. На бојата додадете шарени огрлици и чевли во боја.
