Коцки мраз во служба на убавината!
Новиот и подобрен козметички лек кој е одговор на сите ваши проблеми со кожата се коцките мраз. За да добиете свеж и младолик изглед кој може да трае и дo седум дена треба да го користете овој лек. Коцките мраз покажаа одлични резултати.
Трикот кој би требало да го следите кога ги користите коцките мраз е со нив да го масирате лицето. Замотајте ги во газа бидејќи со директна употреба на лицето може да предизвикате пукање на капиларите. Прочитајте ги beauty предностите на коцките мраз.
1.Коцките мраз се користат за акни. Тоа е вистина,бидејќи можат да помогнат да се ублажи подрачјето околу акните.
2. Совршено решение за намалување на маснотијата на вашето лице е користење на мраз. Се што морате да направите е седум дена да го миете лицето со здробен мраз. Оваа постапка ќе ви помогне да ги држите мрсните клетки под контрола.
3. Оние лица кои страдаат од големи брчки треба да користат коцки мраз 30 дена. Тоа е едноставна постапка а се што мора да направите е да замотате коцки мраз во крпа и нежно да ги масирате вратот и лицето.
4. За инстант олеснување од сончевите изгореници користите коцки мраз. Тие со вода од роза можат да ги ублажат изгорениците од сонцето.
5. Користете коцки мраз за да се ослободите од влакната на лицето. Иако тоа е долготраен процес, ладот може целосно да ги умртви корените на влакната. Откако ќе го измасирате лицето со коцки мраз користете природен пилинг за лице.
