Изберете ја вистинската подлога за шминка!
Објавено: 12 јули, 2013, во 09:34 часот
Формата и бојата ни се важни при изборот на подлога.Одредени форми се погодни за одредени типови кожа. Ако имате сува кожа ќе ви одговара подлога со маслена база. При изборот се важни и возраста и состојбата на кожата.
Подлогите во крема се погодни за сува кожа бидејќи содржат големи пропорции масла и се кремасти. Тие потешко покриваат и даваат посјаен изглед на кожата.
Течните подлоги се лесни и најчесто се пакуваат во шишенца. Достапни се во формули со масна база и водена база. Погодни се за сите типови кожа. Ја покриваат кожата нежно со лесен сјај кој ги покрива мозолките и останатите дамки;
Стиковите се со цврста форма и имаат ефект на исушување, па поради тоа се погодни за масна кожа. Со густо мат покривање, тие се погодни за прикривање на лузни и мозолки.
Погодни се за подготовка пред фотографирање, но се премногу тешки за секојдневна употреба;
Прашкастите подлоги го контролираат сјаењето на кожата и лачењето на лој. Тоа се потешки подлоги и се користат во текот на денот за поправање на основната подлога.
Водоотпорните се погодни особено во летен период кога поради влажноста, шминката не е трајна.
