Тренди торби за плажа!
Објавено: 15 јули, 2013, во 07:45 часот
На летување незаобиколен детал во секоја комбинација е торба во која ќе ги ставете сите оние ситници неопходни за уживање на плажа.
Во главно се во големи димензии а ова сезона се носат во разни форми,бои и дезени.
Најмногу се дизајнирани од платно слама со долги рачки а најпопуларни се моделите во јаки и дречливи бои со впечатливи дезени и принтови.
Можат да се најдат во повеќе големини а најмногу ги има округли,долгнавести и квадратни модели.
Ако не сакате јаки бои во многу колекции можете да најдете и модели во неутрални,земјени,сребрени,златни тонови. Хит се и моделите прошарани со анимал принт,како и оние со линии,печатени портрети,цвеќе,овошје…
И ова лето тренд на плажите се проѕирни торби кои изгледаат уште поинтересно кога ќе се наполнат.
