Зошто малиот црн фустан е незаменлив?
Објавено: 17 септември, 2013, во 07:50 часот
Без оглед на тоа колку модни трендови се сменија малиот црн фустан инаети на времето и докажува дека е класично парче облека. Тоа е причина поради која светот на модата не може да го игнорира присуството на малиот црн фустан. Одговара на секој тип на тело и секоја сезона. Тоа е нешто што секоја жена треба да го има во својот орман.
На секого одговара. Малиот црн фустан одговара на секој облик на телото и ги прикрива недостатоците а ги нагласува и фините облини на телото.
Може да се носи било каде. Сигурен избор е за било која прилика од деловен разговор,ноќно излегување па дури и љубовен состанок. Многу е практично парче во вашата гардероба! Кога сте во дилема што да облечете,малиот црн фустан е вистински избор.
Добра основа за модни детали. Малиот црн фустан дури и со малку детали привлекува вниамние. Во тие детали спаѓаат: шал,големи обетки,високи потпетици,ремен и слично. Само водете сметка да не носите се одеднаш.
Помага да изгледате послабо. Нервозата поради неодамнешното добивање на килограмите ќе биде помала доколку го облечете омилениот црн фустан. Тој ќе ги сокрие неправилностите и ќе направи да изгледате послаби.
