Убави и свежи, на пеколна жештина
Објавено: 16 јуни, 2014, во 08:02 часот
Во летото „скокнавме“ одеднаш но тоа не значи дека горештините треба да ги дочекаме без план за совршен изглед. Ви преставуваме пет необични трикови кои ке помогнат да се чувствувате свежи и да изгледате беспрекорно дури и на плус 30!
На деловите од телото на кои сте погрешиле со сретствата за потемнување протријте ги со обична вода во која сте додале сода бикарбона.
Користете кармини за усни и лакови за нокти чувани во фрижидер.
Во лето косата побрзо се мрси – пред спиење исчешлај ја со со малку шампон за сува коса или бебешко пудро и наутро добро расчешлај. Изгледот ќе и биде заносен и одлично ќе мириса.
Пред фенирањето на задниот дел од вратот, испрскај дезодоранс, за да избегнеш потење.
Црвенилото од депилацијата, на бикини зоната, смири го со разладени водени врекички од чај со камилица.
Флеките од пот на гардеробата испрскај ги со сок од лимон а потоа испери ги.
