Ташни кои не излегуваат од мода
Објавено: 21 јуни, 2014, во 09:08 часот
Најскапата женска чанта е онаа на „Муавад“ , „1001 ноќ дијамантската чанта“. Дури и според Гинис, таа е најскапа дијамантска чанта рачно изработена од страна на десет мајстори кои на неа потрошиле вкупно 8.800 работни часа.
Изработена е од 18-каратно злато и вкупно 4.517 дијаманти. Нејзината цена е 3,8 милиони американски долари.
Следна на списокот е чантата изработена од Јапонецот Гинза Танака за бреднот „Ермес Биркин“, изработена од платина и преку 2.000 дијаманти. Оваа чанта во 2008 година наводно била продадена за 1,9 милиони долари.
По нив на списокот се редат чантите на „Шанел“, и тоа „дијаманти засекогаш“ по цена од 261.000 долари, чантата „клеопатра“ на „Лана Макс“, чија цена е 250.000 долари и „урбана торба“, чантата на „Луи Витон“ за 150.000 долари.
Но, овие чанти не можете да ги набавите поинаку, освен директно од нивните сопственици.
Оние, пак, што се достапни по продавниците и можат да се нарачаат и преку интернет не достигнуваат толкави цени, но сепак „држат“ високи цени.
Еве неколку од најскапите чанти на светот:

„Ботега Венета“ – чанта „Knot Silver Box“
„Clutch“ чанта изработена од сребро чија цена е 7.000 евра.

„Пако Рабан“ – чанта „Le69 Iconic“
Мала црна чанта украсена со впечатливи сребрени приврзоци е избор на многу од светските ѕвезди. Нејзината цена на пазарот е 7.560 евра.

„Гучи Софт“ – чанта „Stir Up“
Оваа италијанска модна куќа е позната по извонредната обработка на кожа и оваа нивна чанта од кожа на крокодил не е исклучок. Цената ѝ е 24.100 евра.

„Сен Лорен“ – чанта „Medium Lulu“
Оваа чанта „Clutch“ е изработена од кожа на алигатор. Цената ѝ достигнува вртоглави 10.100 евра.
