За побрзо растење на косата

Објавено: 8 јули, 2014, во 08:59 часот

Маслото од рицинус е течно злато за косата, а се користи уште од времето на старите Египќани. Ова масло не и дава само здрав изглед на косата, туку ја подобрува и нејзината текстура и го забрзува растот.

Тоа е густо, златната боја ја добива од цедење од плодовите на растението рицинус. Тоа содржи ретка масна киселина која се нарекува рицинолечна киселина, која може да се најде само во ова масло и во поедини врсти на габи. Поради високиот содржај на споменатата киселина, рицинусовото масло покажува јака анти-микробно и анти-запално дејство.

Еве на кој начин рицинусовото малсо помага на вашата коса

– Тоа обезбедува хидрантен ефект на вашата коса и скалпот. Поради големата моќ на продирање, маслото не само што го омекнува влакното, туку продира до самиот корен и така пренесува бројни минерали и хранливи материи со кои се обезбедува хидратација и исхрана на косата и скалпот.

– Со редовна употреба, рицинусовото масло може да го поправи и оштетувањето на косата, кое е предизвикано по хемиски пат (оштетување кое е настанато од користење на фарви или слично). Омега-9 масни киселини, кое ова масло ги содржи во изобилие, ја храни косата и спречува сушење на скалпот.

– Маслото делува и како средство за задржување на влажност, бидејки ја привлекува влажноста во косата и кожата. Редовно нанесување на ова масло ќе ја направи косата мека и еластична.

Пред самото нанесување, потребно е косата да ви биде влажна. Маслото е многу густо и вискозно така да не се препорачува нанесување на големи количини. Нанесување на поголема количина нема да ви помогне, туку ќе ја направи вашата коса масна и опуштена. Исто така, важно е да нанесувате само на коренот и на скалпот или пак само на врвовите. По нанесување, косата прекријте ја со капа за туширање или пак со пластична кеса, потоа замотајте ја со топла крпа и оставете ја да одстои до два часа. Во тој временски рок, косата и скалпот би требало да го упијат маслото. По тоа, косата добро измијте ја (напоменуваме да не нанесувате големо количество на маслото, инаку косата ќе биде премногу масна и ќе треба да ја миете неколку пати). Нанесете генератор и повтрорно измијте ја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.