Потполно природна маска со ефект на фејс лифтинг

Објавено: 15 јули, 2014, во 08:40 часот

Лимонот од одамна се користи за нега. Како богат извор на витамин Ц е одличен за нега на кожата.

Зависно од тоа со кои состојки го комбинирате,лимонот е одличен за изедначување на тенот,избелување на флеките и пегите и затегнување на кожата.

 

За едноставна маска со ефект на затегнување потребни ви се лимон и јогурт.

Постапка: Исцедете го лимонот,една лажичка измешајте со две лажички јогурт. Маската нанесете ја на претходно исчистено лице и оставете да делува додека да се исуши. Како минува времето ќе почувствувате дека кожата се затегнува. После 20-ина минути,маската измијте ја со топла  а потоа со студена вода. Лицето нежно исушете го со крпа,и нанесете ја вообичаената хидратантна крема.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.