Високите чизми повторно на модната сцена
Објавено: 10 ноември, 2014, во 08:06 часот
По неколку сезони, конечно свое враќање најавија и високите чизми до и над колена.
Повеќето модели, најчесто се изработени од мека кожа и материјали кои се флексибилни за да може да се витка делот околу коленото.
енес, моделите на високи чизми си имаат свое поглавје во модната индустрија. Дизајнерските виртуози ги трансформираа во шик, елегантни и секси модни додатоци кои им се омилени особено на трендсетерките. Одлични се за комбинирање со предизмензионирани џемпери, фустани па и здолништа, а одлично се вклопуваат и врз вашите омилени фармерки и кожени хеланки кои се мошне популарни сезонава.
За прв пат, високите чизми стануваат дел од модниот свет во 1950-тите. Постојат различни модели на високи чизми како резултат на различните стилови и трендови кои од сезона во сезона се повеќе се разликуваат.
