Елек за моќните жени
Објавено: 14 ноември, 2014, во 08:25 часот
Минатата сезона елеците со строга линија и цврст крој не освоија со својата едноставност. Најчесто се комбинираат со класични панталони и хитовските „boyfriend“ фармерки, а изгледаат неодоливо и во контраст со летните фустани.
Доколку сакате да оставите моќен впечаток, тогаш наш предлог е комбинација на краток црвен фустан и црн долг елек декориран со странични џебови и нагласен струк.
За сите обожавателки на лежерниот стил, идеално комбинација би биле искинати фармерки, маичка на пруги и нормално елекот.
Елекот може да го комбинирате и со мини или макси здолништа. Оние дами кои повеќе ја преферираат класиката, елекот ќе сакаат да го комбинираат со skinny панталони или фармерки, едноставна црна топ маичка и тренди накит.
