Никаде без џебен парфем
Објавено: 15 ноември, 2014, во 08:29 часот
На долги или кратки стази, патувањата претставуваат извор на стрес, а најголемиот женски проблем е како да собере што е можно поголем број работи во помала чанта.
За среќа, козметичките куќи решија да им излезат во пресрет на дамите, па регуларните производи може да се најдат и во мини пакувања.
Сличен чекор направија и произведувачите на парфеми кои создадоа џебни парфеми од вашите омилени мириси, па можете без проблем да ги носите со вас и кога сте стотици километри одалечени од дома.
