Изгледајте убаво и на есенски дожд
Објавено: 17 ноември, 2014, во 11:00 часот
Во дождливите денови и вечери користете водоотпорна наместо обична маскара. Не се препорачуваат дебели слоеви пудра затоа што капките вода можат да остават траги на лицето. Соберете ја косата во пунџа или сплетете ја во плетенка. Капата е идеална заштита и украс за вашата глава.
Еве неколку трикови кои ќе ви помогнат во идеалниот изглед :
Задолжително ставете водоотпорна маскара.
Препорачуваме и водоотпорен туш и молив за очи.
Усните со кармин, со јаки бои, ќе придонесат за дополнителен впечаток на убав изглед и тогаш кога не е се на свое место.
Модниот додаток наречен капа, ќе ја покрие пуштената коса. Пунџата и плетенките се идеални фризури за под чадор.
