5 производи во служба на убавината: Ова се трикови во кујна за бујна коса
Објавено: 19 ноември, 2013, во 09:21 часот
Зошто да трошите пари на скапи препарати кога најдобрите пакувања за коса можете да ги направите од производи кои секојдневно ги користите во домаќинството. Пробајте ги овие рецепти…
Шампон од јајца
Вратете ја свежината и мекоста на сувата коса со оштетени краеви со природен шампон од јајца. Измешајте две жолчки,еден лимон,белки и една лажица маслиново масло. Овој шампон втријте го во косата и потоа добро измијте.
Ѓумбир за побрз раст на косата
Ѓумбирот ја оживува косата и влијае на нејзиниот развој. Ѓумбирот во прав измешајте го со четвртина шоља чај од камилица. Добиениот сок измешајте го со иста количина ореово масло. Смесата втријте ја во косата и оставете да стои десет минути. После тоа измијте. Ако сакате косата да ви сјае и што побрзо да порасне,овој третман применувајте го два пати неделно.
Маслиново масло за мазна коса
Кај долгата коса често се случува прамените да бегаат на своја страна. Маслиновото масло ќе ја направи вашата коса мека и нежна. Загрејте половина шоља маслиново масло и масирајте ја со него целата коса. Најмногу масло ставете на краевите и замотајте во фолија. После триесет минути добро измијте ја косата.
Мед и оцет за волумен
Тие ќе го зајакнат коренот на вашата коса и ќе и дадат волумен. Лажиче мед и лажиче оцет ставете во половина чаша млака вода,добро измешајте и ставете во шише со распрскувач. Измиената коса исушете ја со крпа испрскајте со оваа смеса и втријте во косата за подобро да впие.
