Неодолива плавокоса или мистериозна црнка

Објавено: 23 ноември, 2013, во 09:23 часот

Дури иако никогаш не сте размислувале за промена на бојата на косата самиот поглед на широката лепеза бои за коса е доволна причина во вас да се разбуди желба за тоа.

Статистиките покажуваат дека дури над 60% од жените се незадоволни со изгледот на својата коса. Ако и вие спаѓате во таа група доста се предомислувате бидејќи можете да направите нешто за себе и да го освежите својот изглед.

Привремена или трајна боја

Трајната боја не се мие и го покрива коренот на косата но таа боја потребно е да се одржува секој месец до два бидејќи инаку во коренот на косата ќе почне да се забележува израсток. Денешните нови формули на фарби за боење на косата нудат прекрасни и сјајни бои кои во целост ја прекриваат  побелената коса.

Фарбање дома

Ако се одлучивте да се фарбате дома облечете стара маица и внимателно прочитајте ги сите упатства кои ги добивте заедно со пакувањето фарба. Изберете препарат кој во пакувањето има и апликатор така да едноставно и прецизно да можете да ја нанесете бојата. Ако ја нанесувате фарбата на природната боја на коса почнете задолжително од врвовите бидејќи топлината на коренот го забрзува дејството на фарбата. Ако пак ја нанесувате на веќе фарбана коса понекогаш е доволно да се обои само коренот. Времето на делување на бојата е назначено на производот и почнува дури кога е нанесена целата смеса.

Измијте ја правилно фарбата

Пред миење на косата нежно запенете го колорантот со малку млака вода и внимателно омекнете ја косата. Миете ја косата се додека водата не е сосем чиста и после косата измијте ја со шампон и завршно нанесете регенератор.

Сјај од природата

Чајот од цвет од камилица искористете го за враќање на сјајот на косата кој сте го изгубиле а особено се препорачува за плава коса. Шака цвет од камилица варете во еден литар вода околу 20 минути. Со изладениот чај натопете ја косата и оставете да делува еден час а потоа темелно измијте ја косата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.