Топ пет здравствени придобивки од јаткастите плодови
Освен што се одлични за грицкање, јаткастите плодови имаат многу здравствени придобивки и секој од нас треба да ги вклучи во секојдневната исхрана. Се разбира, доколку сте во можност треба да ги консумирате сирови, бидејќи печени ги немаат истите својства.
Богати со заштитни антиоксиданси
Јаткастите плодови содржат соединенија наречени полифеноли кои имаат заштитен ефект во телото – тие помагаат во неутрализирање на нестабилните молекули наречени слободни радикали кои можат да предизвикаат штета. Количеството на полифенол во оревите и бадемите го зголемува антиоксидативниот капацитет кој пак помага да се заштитат клетките од оштетување.
Го помагаат здравјето на цревата
Јаткастите плодови се добар извор на растителни влакна, а меѓу најбогатите се бадемите, лешниците и ф’стаците. Доказите сугерираат дека исхраната богата со растителни влакна е поврзана со помал ризик од голем број хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања и дијабетес. Зголемувањето на растителни влакна во вашата исхрана исто така може да ја поддржи и регулира вашата дигестивна функција. Полифенолите во јаткастите плодови, исто така, помагаат да ги одржуваме нашите црева здрави. Ти се корисни за добрите бактерии кои живеат таму, бидејќи им помагаат да растат и да се зголемат во број. За возврат, одредени бактерии произведуваат масни киселини кои обезбедуваат бројни придобивки и за нашите црева и за нашето пошироко здравје.
Може да помогне во управувањето со тежината
Јаткастите плодови содржат голем број хранливи материи и фитохемикалии кои ни е тешко да ги вариме, па така не можеме да апсорбираме приближно 5-15% од калориите во јаткастите плодови. Ова објаснува зошто консумирањето скромна количина, како што е мала шака јаткасти плодови, е поврзано со индексот на телесна маса. Кога јатките се консумираат како ужина, помагаат да се намали гладот.
Високо ниво на масти
Со исклучок на костените, јаткастите плодови се храна со висока содржина на масти, од околу 46% во индиските ореви и ф’стаците. Сепак, типовите на масти имаат докажани придобивки за здравјето, бидејќи се ниски со заситени масти, со повисоки нивоа на мононезаситени масти кои се погодни за срцето и полинезаситени масти. Оревите имаат најголема содржина на омега-3 масти, алфа липоична киселина (ALA) од сите јаткасти растенијa.
Го поддржуваат здравјето на срцето
Вклучувањето на јаткастите плодови во вашата исхрана е поврзано со подобрување на здравјето на срцето. Тоа е затоа што консумирањето јаткасти плодови помага во одржување на здравјето на слузницата на артериите, го балансира холестеролот и го намалува таложењето на наслаги, а истовремено го намалува ризикот од згрутчување на крвта.
Причините зошто јаткастите плодови го поддржуваат здравјето на срцето се многубројни и го вклучуваат нивниот корисен профил на маснотии што е претежно моно и полинезаситени, содржината на растителни влакна, постоењето на фитостероли, како и придонесот на протеините како л-аргинин, кои помагаат да се релаксираат крвните садови и намалување на крвниот притисок.