Три маски за лице кои ќе го решат вашиот проблем со мрсна кожа

Објавено на 5 јули, 2021 во 11:39

Кога ќе започне летото, дури и оние кои не се склони на прекумерно потење, влегуваат во ситуација кога лицето им се масти.

Маска од јогурт, краставица и јаглика

Во блендер изматете две лажици јогурт, половина краставица и неколку лисја од јаглика. Мешајте додека не се добие хомогена смеса. Нанесете на лицето и оставете го 15 минути. Исплакнете со млака вода.

Водена пареа

Сварете вода во тенџере и кога ќе зоврие, ставете го лицето доволно близу до пареата, но внимавајте да не се изгорите. Нека лицето биде изложено на пареата неколку минути. Поради топлината на водената пареа, кожата и порите ќе се прошират, така што ќе можете лесно да ја отстраните мрснотијата.

Маска од желатин и млеко

Истурете лажица млако млеко и лажица желатин во сад. Мешајте додека не добиете кремаста смеса. Нанесете со четка на местата каде што ви е потребно. Оставете го да делува 10 минути, а потоа отстранете, маската ќе биде како гел.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.