Најчестите здраствени митови
Сите ние уште како деца слушавме разни приказни од нашите мајки и баби за здравјето и без никакви резерви ги слушавме сите совети кои се пренесуваат од генерација на генерација. Прочитајте кои митови за исхраната и лековите се навистина точни а кои се митови.
Мит – Треба да се јаде корка од леб, бидејќи е полна со витамини!
Вистина – Студија направена во Германија во 2002 година открива дека, по печењето на лебот, корката содржи осум пати повеќе антиоксиданси кои се борат против клетките на ракот, отколку средината на лебот. Исто така, црниот леб, односно лебот направен од цело пченично жито, е многу поздраво од белиот леб, но внимавајте бидејќи многумина пекари користат вештачки бои за боење на тестото.
Мит: После бања треба добро да се исушите за да избегнете било какви настинки!
Вистина – Влажната коса , само ќе направи да чуствувате студ, но во суштина нема да предизвика кивање. Англиска студија покажала дека луѓето кои после туширање не се избришат добро или не ја исушат косата, не ја зголемуваат веројатноста за појава на настинка.
Мит: Не треба да ги вкрстувате очите бидејќи можат да ви останат во таа положба.
Вистина: Вистината е дека овој гест, кој го практикуваат децата, неможе да направи очите трајно да останат прекрстени. Voker Motli професор по офталмологија на Медицинскиот факултет во Синсинати изјавил:
– Не постои опасност од вкрстување на очите, но ако забележите дека вашето дете често го прави тој гест, можно е да има проблеми со видот.
Мит: Проголтана мастика за џвакање останува во вашиот желудник неколку месеци.
Вистина: Како и сите предмети кои не спаѓаат во храна, а кои детето ги проголтува, така и мастиката за џвакање со помош на ензимите за неколку денови ќе помине низ дигестивниот тракт. Она од храната се разликува единствено што не се разградува на ситни делови, но тоа, според педијатарски совети нема да предизвика проблеми со стомакот.
Мит: Јаболкото не прави здрави
Вистина: Повеќе од јаболка, може да помогне една рака боровинки. Боровинките се полни со антиоксиданси и влакна.
Наместо секој ден да јадете јаболка, подобро е да се определите за различни овошја и зеленчуци кои ќе ви помогнат да се заштитите од проблемите со срцето, високиот крвен притисок, дијабетисот и други разни болести.
Мит: Ако икате некој треба да ве уплаши!
Вистина: Многу народни лекови против икање, како задржување на воздухот или плашење, не се медицински докажани – објаснува Dejvid Polak физијатар од Филаделфија. Може да пробате и еден трик објавен во медицински магазин уште во 1971 година: Земете една лажица шеќер и една чаша вода. Од 20 личности кои икале, 19 се изјасниле дека овој трик им помогнал.
Мит: Не треба да пливате најмалку еден час откако ќе јадете.
Вистина: По оброкот, најголемиот дел од крвта се слива во органите за варење, па затоа е намалена циркулацијата во рацете и нозете. Некои лекари сметаат дека тоа може да предизвика грчеви, додека други тврдат дека тоа не е точно. Веројатно важи златното правило – овој процес нема да предизвика грчеви, но ќе имате помалку сила за пливање.
