И контрацепцијата има историја!

Објавено на 23 ноември, 2012 во 11:15

Средствата за контрацепција денеска им се достапни на сите, но во некои дамнешни времиња, благо речено се користеле необични превентиви. И некои од нив буквално немале никаква врска со контрацепција.

Лимон

До почетокот на 18-ти век, луѓето сфатиле дека на разните метали не им е местото кај жените, па така дошле до брилијантна идеја гледајќи ја половината од лимонот. Обликот одговарал на дијафрагмата, а киселината ја убивала спермата, така што неизбежно било да се спои непријатното со бескорисното .

Коски од црни мачки и восок од магарешки уши

Средниот век сигурно е најбогат изџвор на луди идеи поврзани со експерименти со човечки тела и „народни“ лекови. Така за спречување на бременост се користеле коски од црни мачки, за кои се верувало дека е довлно да се обесат околу врат и до бременост нема да дојде. Тие „копале“ по ушите на магарињата, влечејќи восок за кој се верувало дека го спречува контактот на спермата и женските јајца.

Кока кола

Не така одмана, луѓето верувале дека Кока колата може да послужи како пилула за „ден потоа“. Не само што се пиела, туку и се поливале со неа верувајќи дека јаглен диоксидот и шеќерот со здружени сили може да спречи бременост.

Тестиси од ласици и крокодилски измет

Стапите Еѓипќани не биле вешти само во градењето на пирамиди. Ги совладале и лекциите за спречување на бременоста, па така како методи кои би можеле да се најдат на патот на машката спрема, користеле мешавина од мед и измет на крокодили кои се ставале во вагината. Од друга страна, во текот на средниот век, за ногата на жените се врзувале тестиси од ласици и тоа за да им донесат среќа за да се спречи бременоста.

Жива

Во старите времиња, живата се користела како општопознат лек за се, па така еден ден на ред дошла и бременоста. Првите записи за нејзиното користење се во Кина и тоа прилично делотворно, но се една сериозна последица. Имено, жените кои ја користеле никогаш потоа не можеле да останат трудни.

Анус од зајак

Како „делотворен“ лек против бременоста во средниот век, на жените им била препорачана методават која многу потсетува на онаа која се користи за бранење од вампири во филмовите и сериите. Но за разлика од сериите, каде околу врат ставале венец од кромид, во овој случај околу вратот се ставал венец од анус од зајак.

Бешика од коза

Ова контрацептивно средство се користело во 150-та година пред нашата ера. Прв кој го измислил и спровел на дело е Кралот на Крит, Минос, бидејќи според легендата, на владетелот била фрлена клетва семето да му се претовра во змии и шкорпии.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.