Вистините и заблудите кои се кријат зад вишокот на килограми!

Објавено на 25 декември, 2012 во 09:49

Сите вистини и заблуди на килограмите скриени кај нас …

Секогаш сте гладни

Ако добро се облечеме кога излегуваме надвор и одржиме адекватна температура во својот дом, нема причина зимата да ни влијае на апетитот. Мелантонин е хормон чие производство го поттикнува темнината. Зголеменото излачување предизвикува поспаност, но има улога и во чувството на глад.

Во текот на пролетта и летото нивото на мелантонинот опаѓа, за разлика од есента и зимата, што влијае на апетитот кај луѓето.

Се дебелеете иако не јадете повеќе од претходно

Ниското ниво на витаминот Д кој ни го обезбедува сонцето може да влијае на телесната тежина. Зимските денови се темни, па со недостатокот на витаминот Д организамот складира повеќе масти. За тоа да не би се случувало, неопходно е секојдневно изложување на сонце со времетраење од најмалку 20 минути.

Зошто ни се јаде мрсна храна?

Можеби ќе ве изненади реченицата дека луѓето повеќе јадат во текот на пролетта и летото, ама видовите на намирниците се менуваат со доаѓањето на есента. Тогаш се јавува склоност кон мрсна храна.

Дали ќе ни биде потопло ако повеќе јадеме?

Масните наслаги на ниеден начин не ја задржуваат топлината во организмот.

Во времето на нашите предци, зимските месеци со себе носеле глад. Една од теориите би можела да биде дека сме генетски програмирани да ја зголемуваме телесната маса за да прежувуваме до пролетта. Како во денешно време во текот на зимата да нема доволно намирници, па тие резерви не успеваме да ги потрошиме.

Дури и таа теорија да е точна, не е оправдано неконтролираното дебелеење.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.