Дишењето ни го диктира животот!

Објавено: 15 февруари, 2013, во 11:15 часот

Марк Липонис, автор на седум програми за здравје, вели дека секој човек за да се чуствува добро треба да научи правило на дише.

Имунолошкиот систем, а и остатокот од организмот автоматски реагираат на промените на ритамот со дишењето, па секоја промена со вдишување и издишување може да ве смири или изнервира.

Плиткото дишење, горниот дел од белите дробови (градите) е типично за стресни ситуации и за оние каде што чуствуваме страв. Значи, ако имате навика да дишите непотребно, без некоја од горенаведените причини, сами себе си создавате нервоза и напнатост на организмот. Затоа научете се да дишите правилно, употребувајќи ја дијафрагмата. Прво започнете со бавно дишење, подрачјето на градите обидете се да не го мрдате, а стомачните мускули нека ви помогнат во давањето сила на градите. Користете го целиот капацитет на белите дробови, и немој да дишите половично.

Не заборавајте на издишувањето. Можеби се чини неверојатно, но многу луѓе го забораваат. Целосно испразнете го воздухот кој навлегол во белите дробови.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.