Чоколадо против хроничен замор!
Објавено: 23 февруари, 2013, во 10:26 часот
Неодамна објавено истражување спроведено во Источна Јоркширеа покажало дека хроничниот замор значително се намалува кај личностите кои секојдневно јадат 45 грама црно чоколадо, во текот на осум седмици.

Чоколадата која ја користеле во истражувањето се состоела од 85% какао, а била збогатена со флавоноиди.
Експертите веруваат дека таквата чоколада има значително влијание на неуротрансмитерите кои го регулираат заморот и поспаноста.
