Три пијалаци од банана идеални за слабеење!
Објавено: 5 март, 2013, во 19:09 часот
И покрај мислењето дека бананата треба да се избегнува доколку сакате да изгубите килограм таа сепак е една од најпосакуваните состојки на диеталните напитоци.
Бананата е идеална благодарение на калиумот кој не ослободува од вишокот на вода во телото и влакната кои го забрзуваат метаболизмот а во соработка со другите продукти кои ги топат маснотиите како ленот и спанаќот,прават вистинска инвазија врз несаканите перничиња.
1). Банана пијалак со ленено семе
Состојки: 1 портокал,1 банана,2 лажички урда и 2 лажички ленено семе.
2). Банана со зрнесто овошје
Состојки:1 банана,1 филџан (боровинки,малини или брусница) ,1 лажичка мед, 1 лажичка рендан ѓумбир,пола филџан млако млеко
3). Банана пијалак со спанаќ
Состојки: 1 банана,200 гр измиен свеж спанаќ,пола филџан Лајт јогурт,третина од филџанот јачменови снегулки и 1 лажичка мед.

Подготовката на овие пијалаци за сите видови е иста само е потребно претходно сите состојки да се стават во блендер и да се измиксираат.
Овие диетални,но пред се здрави, напитоци се консумираат наутро за појадок бидејќи тогаш телото најдобро ги апсорбира и препознава состојките кои во овој случај ќе направат вистинска инвазија на вашите мрсни перничиња наталожени околу половината./Б.Н.Т
