Ја јадете ли храната која ќе ви падне на подот?

Објавено: 19 март, 2013, во 09:50 часот

Многумина го применуваат правилото од пет секунди, според кое, храната која паднала на подот а на него не се задржала повеќе од пет секудни, кога ќе се подигне од подот се јаде, освен, во јавни простории.

Можеби не сте знаеле, но научници направиле студдија за тоа што се случува со храната во тие пет секунди откако ќе падне храната на подот, а особено внимавале на подрачјето каде што паѓала храната дали се наоѓаат бактериите салмонела и други бактерии кои вообичаено предизвикуваат пролив и повраќање.

Тестирале колку долго салмонелата преживува на дрво , тепих, пластика, плочки, и со која брзина се префрлува на храната, откако ќе падне на подот.

Прво, заклучиле дека бактеријата преживува и после четири недели на тие состојки.

Но, колку и треба да се залепи на храната? Најмногу бактерии се пренесувале во кобминација од плочки и колбаси. Околу 99 проценти бактерии од плочките се пренеле на колбасиците  за пет секунди. Пренесувањето на бактерии од дрво одело значително поспоро. Во рок од пет секунди се пренеле, зависно од храната, значително помалку, од 5 до 68 отсто бактерии. Додека од тепих се пренеле дури 0,5 проценти.

Во целина би значело дека храната од тепихот и дрвениот под е посигурна, но на правилото од пет секунди сепак неможе да се верува.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.