Зошто ги пукате прстите?
Не сте сигурни кога сте почнале тоа да го правите, но знате дека не можете да престанете. Зошто?
Иако секој испукан прст за вас претставува задоволство, може потполно да ја излуди околината околу вас.
„Не постои научно објаснување за ваквиот вид на „зависност“, но се пртпоставува дека ја ослободува нервозата.“ изјавила докторката Рејчел Веиман, асистент на професорот на педијатрија на Универзитетот Индијана.
Некои луѓе сакаат да си ја виткаат косата, некои сакат да ги скокоткаат по стопалата, додека други пак ги пукаат зглобовите на прстите.
Меѓутоа, кога „пукате“ со прстите всушност ништо не кршите. Тој звук на кршење кој се слуша е синовијална течност во шуплините или балончиња на гас кои настануваат во течноста на зглобовите. Под притисок тие пукаат.
Не грижете се, со пукањето на прстите нема да добиете артритис, иако постарите луѓе ви го велат тоа. Сепак, некогаш може да дојде до непријатности, како што е оток, намалена сила на раката, па дури и до повреда на прст или зглоб.
