Кога треба да ги миеме забите?
Ако мислите дека треба после секој оброк, грешите …
Сигурно мислите дека правите одлична работа ако ги миете забите одма после секое јадење. И звучи логично, бидејќи ги отстранувате остатоците од храната и ги чувате вашите заби.
Но замислите, тоа не е најдоброто време за миење заби!
Докторите велат дека процесот на миење заби треба да се извршува пред јадење или најмалку 30 минути после јадење.
Еве зошто:
Познатата клиника Маyо открива дека ако јадете слатки или кисели продукти (а скоро цела храна е таква), како овошје, сокови и слично … подобро е да ги измиете забите пред јадење.
Киселината од таквата храна го уништува заштитиниоот слој на забите, па прераното миење може да го оштети. Така што, најдобро е да ги миете забите пред јадењето, советуваат докторите.
“Или пак, може да почекате 30 минути за вашиот ph баланс во устата да се врати во нормала”, вели д-р Скот Фреј.