Се за рамните стапала!

Објавено на 26 март, 2013 во 09:14

Деформитет познат како „рамни стапала„ карактеризира спуштање на сводот и заземање на валгусна положба при стоење.

Причина за настанување:

На појавата на овој деформатитет  влијае наследниот фактор, но и физичката неактивност, дебелината и неадекватната обувка.

Одстранување:

Одстранувањето се спроведува со ортопедски чевли со влошки и физикална терапија,

започнува во најраната возраст со формирање на сводовите на стапалото (до 3-4 години) со вежби за зајакнување на сите структури на стапалото во облик на одење на прсти/пети и нарочито боси по нерамна површина, пред се заради активирање и јакнење на мускулатурата на стапалото.

Општо добри спортови за правилен развој на стапалата се:

Танцување, Пешачење по рамно, одење на прсти по угорница, Возење велосипед, Скијање

Постојат и доста други нетолку значани искривувања на телото, на дланките, прстите и сл. Но тие не ја загрозуваат работата на телото како што тоа можат да го направат рамните стапала

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.