Проширени капилари!
Техниките на остранување на проширени капилари се различни во зависност од локацијата и самата природа на крвните садови.
На лицето најчесто се прибегнува кон коагулација со радиобранови и третмани со ласер, а на нозете често се применува склерозација – вбризгување активна супстанција во крвните садови.
Во повеќето случаи потребни се повеќе третмани во различен временски период за да се добијат саканите резултати.
Одделни капилари на лицето најбрзо и најуспешно се отстрануваат со радиобранови или ласер. При интервенцијата може да се користи продолжетол со дебели на влакно од коса или нешто поширок во зависност од дебелината на капиларите, а по завршување на интервенцијата остануваат тенки красти со дебелина на отстранетиот капилар. Најчесто се потребни два третмани со пауза од два месеци.
Капиларите може да се отстранат и со диоден ласер, КТП ласером или ХД Јаг. За отстранување на капиларите со ласер потребно е најчесто три до четири третмани со пауза од еден месец. Во зависност од апаратите на кои се прави интервенцијата после третманите остануваат красти или модраполиња долж капиларите.
Доколку на лицето постојат многу тенки капилари кои формираат дифузно црвенило преку површината на лицето избор е ИПЛ апарат со адекватна енергија и спектар од бранови должини.
Проширени капилари на нозете во зависност од својот дијаметар се отстрануваат со различни методи.
За капилари со дијаметар од 0,5 до 1 мм метод на избор е склерозација. Методот се состои од вбризгување супстанца која доведува до слепување на ѕидот на крвниот сад. Идеална е кај капилари кои создаваат пајаковидни мрежи чиј изглед некогаш потсетува на модринки.
За задоволувачки ефект често е доволен само еден третман, а доколку е потребно да се повтори третманот тоа се прави по еден месец. Овој метод успешно се користи и за венули, односно крвни садови со дијаметар до 2 мм кои се отсликуваат на површината на кожата. За третман на површни вени неопходен е доплер на долните екстремитети.
Кога капиларите на нозете се тенки како нишки конец најдобар избор е комбинација од ласерско отстранување на капилари и радиобранови.
Со методот радиобранови, долж капиларите се пенетрира со медицинска игла чија дебелина е помала од влакно коса и се пушта радиофреквентна струја. Со тоа се коагулира и затвора линијата на капиларот. За задоволувачки резултати обично се доволни 2 третмани, со пауза од 2 месеца.
Ласерскиот треман за отстранување капилари се состои од користење ласерски зрак со одредена јачина кој доведува до затворање на крвниот сад. Во текто на третманот, дел од капиларот успешно се затвора, а останатите капилари стануваат помалку видливи и може повторно да се третираат после два месеци.
ПРЕВЕНЦИЈА:
Кажете ДА на:
Прошетките, спортот, туширањето со млада вода, здравата исхрана, одморот со подигнати нозе, еластичните чорапи, посетата на лекарот, веќе при први знаци на болеста.
Кажете Не на:
Предолгото седење, особено со вкрстени нозе, предолгото стоење, зголемената тежина, пушењето, претоплата купка, тесната облека, долгото сончање, сауната, депилацијата со врел восок, масната исхрана.
