Нејзиното височество, вода!
Водата НЕ ја ужива популарноста на зелениот чај, антиоксидансите и најновите диети, но таа самата има поголемо значење за човековото тело.
Како што знаеме, телото е изградено од околу 70% вода, а тоа е доволен индикатор дека таа учествува во секој процес и состав, како здрава кожа, коса и нокти, контролирањето на телесната температура, крвниот притисок и брзината на работата на срцето.
Можете да бидете целосно хидрирани во текот на денот ако пиете вода и други течности, како и одреден вид на храна која хидрира.
ШТО СЕ БРОИ КАКО ВОДА?
♦Овошјето е одличен извор на вода, Лубеницата е 90% вода и е рангирана највисоко од сите други овошја. Портокалите, цитроните, како и дињата се со голем состав на вода.
♦Зеленчукот иако не е толку содржаен со вода како овошјето, тој исто така може да Ви обезбеди солидна хидратација. Целерот, краставицата, доматите и пиперките се одлични извори на вода.
♦Важата исхрана се состои од многу скриени извори на вода. Зголемете го внесувањето јогурт и супа.
♦За оние кои трошат многу вода, млекото е одлична замена да ја надополнат потрбната количина. Газираните пијалоци ги бие лош глас за хранливата вредност, но тие исто така делуваат хидрирачки. Џусевите и спортските iso напитоци се добри хидратори. Внесувајте пијалоци со помалку шеќери за поефикасно искористување на водата.
♦Кафето и чајот беа сметани како дехидратори, но митот беше разбиен по низата научни испитувања. Иако кофеинот што го содржат делува дуеретички, односно исфрла течности од телото, сепак и тие спаѓаат во хидратски течности.
♦Алкохолот е ГОЛЕМ дехидратор. Доколку пиете тоа треба да го правите заедно со вода. 1 чаша алкохол – 1 чаша вода.
♦Ако не Ви се допаѓа вкусот на обичната вода, додадете лимон во неа. Минералната вода е исто така многу добар избор, бидејќи содржи и минерали.