Зошто имаме лош здив кога наутро се будиме?

Објавено на 28 март, 2013 во 12:36

Си легнуваме со орална хигиена за која би добиле златен медал, но сепак кога се разбудиме, устата се лепи и има некој ужасен мирис кој излегува од неа.

Што се случува со устата додека спиеме?!

Краткиот одговор е дека бактериите се како на одмор во тоа влажно и топло место кое сме им го пружиле. Бактериите кои непрекинато се размноужуваат, испуштаат околу 600 смрдливи соединенија, кои се причината за лошиот мирис и вие неможете да направите ништо околу тоа.

Добрата забна хигиена е најдоброто нешто што можете да го направиме. Пастите за заби и разните течности за плакнење на устата прават лоша околина за бактериите со состојките како ксилитол, триклосан и есенцијални масла, но ефектот на овие состојки не трае долго.

Со малку време, устата се чисти од состојките кои ги држат бактериите настрана, а оставаат перфектна околина за брзо размножување на бактериите.

Но, сето тоа не објаснува зашто откога ќе се разбудите од спиење, мирисот е полош него во текот на денот, кога јадете секакви работи . Тоа е затоа што еден важен елемент игра огромна улога во лошиот мирис додека спиете, а тоа е плунката. Односно, немањето плунка.

Додека спиеме, драстично е намалена количина на плунка во устата, а плунката е голема причина за намалениот број на бактерии во устата. Тоа значи дека преку ноќта, бактериите се оставени да се размножуваат со часови, а на тоа е резултат зголемен број на “ароми” во устата кога ќе се разбудиме.

Кога се збори за бактериите, не се мисли само на неколку. Научниците го процениле бројот на бактерии во една уста, дека е поголем од бројот на луѓе во светот. Различни бактерии колонизираат различни делови во устата, значи дека добро четкање на јазикот не е доволно за да ги истера бактериите на горниот дел на устата, под јазикот и слично.

Според книгата “Breath: Causes, Diagnosis, and Treatment of Oral Malodor”, распаѓањето на микробите во устата резултира во во производство на смрдливи мириси. Ова производство на гасови е сличен процес кој се случува во депониите. Не е чудо што луѓето не ја сакаат оваа миризба.

Бактериите добиваат енергија преку дигестија амино киселини и протеини. Некои од амино киселините содржат сулфур, кој се испушта кога бактеријата го процесира. Сулфурот е една од причините за лошиот мирис кога испуштате гасови. Но, не е само еден мирис што го прави здивот лош, туку е голем број на разни гасеви кои работат заедно. Според книгата, меѓу другото, устата ги содржи следните гасови: кадаверин (мирисот на труп), водороден сулфид (расипано јајце), изовалерична киселина (испотени нозе), метилмеркаптан(фекални мириси), путресцин(мирис на распаѓачко месо) и триметиламин (мирис на распаѓачка риба). А, јазикот ги содржи едни од најлошите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.