Штедливите светилки опасни по здравјето?

Објавено: 29 март, 2013, во 10:23 часот

Иако често можеме да слушнеме дека со штедливите светилки можеме да заштедиме енергија, Британците предупредуваат на нивната штетност. Британската агенција за заштита тврди дека предизвикуваат црвенило на кожата.

Во Британија е објавен извештај за тоа дека штедливите светилки имаат свои мани.

Директорот на Агенцијата, Џастин Меккрекен вели дека е спроведено истражување при кое е откриено дека изложеноста на штедливите светилки предизвикува црвенило на кожата, бидејќи некои емитуваат повеќе УВ зраци од дозволеното.

Доколку се користат подолго време во близина на телото, предизвикуваат црвенило, а од Агенцијата посебно ги предупредуваат луѓето кои пред спиење читаат со ноќни столни ламби.

Покрај нив, загрозени се и илјадници работници, како на пример производителите на накит, кои работат со раце и ги користат светилките во непосредна близина на телото. Добра вест е дека тие не предизвикуваат рак на кожата, соопшти агенцијата

„Најлошиот ефект што може да го предизвикаат овие светилки е црвенило на кожата. Не веруваме дека светилките можат да предизвикаат рак на кожата“, изјави директорот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.