Како да се спречат проблемите со притисокот!

Објавено: 11 април, 2013, во 10:01 часот

Не мора од почеток се да биде идеално. Важно е процесот да започне и да се поседува решителност и волја за  воведување на добри промени во живот. Народната поговорка вели: „ Навиката е чудо!“ Навистина е така.

Светскиот ден на здравјето се одбележува како ден кога во 1948 година е основана Светската здравствена организација.  Секоја година на тој ден се споменува еден од клучните проблеми кои се однесуваат на здравјето на луѓето. Годинава тоа е зголемениот крвен притисок. Пораката е јасна и гласна: контролирајте го својот крвен притисок.

Првата препорака се однесува на намалување на солта во исхраната.

Количината на сол во храната што ја козумирате е навика. Ја досолувате храната? Навикнавте! Се прашувате дали можете да јадете помалку солена храна. Секако, ќе се навикнете! Немојте да правите нагли промени туку нека бидат постепени. Така подобро и полесно ќе ги прифатите. Во замена на поголема количина сол, збогатете ја храната со арома на магодонос, целер, босилек, оригано, рузмарин, црн пипер, сок од лимон.

Следна препорака е правилна исхрана.

Тоа е навистина широк поим. Инсистирајте на едноставна и што поприродна храна. Ако сте родени во минатиот век, ќе се сетите што јадевте како дете, посебно ако имавте баба на село и други роднини, интегрални житарки и нивни производи, многу разновидни овошја и зеленчук, млечни производи, чисто месо и коскено овошје. Избегнувајте сувомеснати производи, инстант храна, мајонез, маргарин, грицки-полни се со сол, адитиви и лоши маснотии, избегнувајте газирани сокови и негазирани, како и слатки кои се полни со шеќер.

Нека ви бидат редовни оброците, појадок, ручек, вечера и овошна ужина меѓу нив.

Тоа значи повеќе мали оброци. Појадокот е значаен, бидејќи со него го започнуваме денот, тој на некој начин одредува и прави да зрачите со добра енергија, да имате бистри мисли и ведар дух.
Ручек-француски рецепт: прво салата, па после супа и главно јадење. Прошетајте после ручек немојте да легнувате во кревет. Вечерата треба да биде лесна најмалку два часа пред спиење.

Ни останаа уште неколку совети:  алкохол да се консумира во умерени граници, што почесто да се воведува физичка активност (прошетката е многу прифатлива) а сето претходно е предуслов за следнава препорака: одржување на препорачаната телесна тежина.

Откажете се од цигарите доколку сте пушач!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.