Ослободете се од непријатните миризби во домот!

Објавено: 11 април, 2013, во 11:07 часот

Многу е непријатно кога во домот ќе се задржат миризби од готвењето, особено од зелка или пржење на кромид и риба и потоа се вовлечат во вашата облека. Еве неколку трикови:

Непријатни миризби можете да отстраните доколку во 1 дл вода додадете 2 лажици оцет и ги провриете. Испарувањето на оваа мешавина ќе го оттргне непријатниот мирис во кујната.

Најупорен и најнепријатен мирис е оној кој доаѓа од пржење на риба. Но ако во маслото во кое ја пржите рибата ставите парче свеж ѓумбир, нема да го почувствувате мирисот. Овој корисен трик ќе ви послужи и за отстранување на миризби од пржење на некои други производи.

Во водата во која варите зелка, кељ или брокула додајте неколку свежи листови лорбер, гранче или корен од целер. Непријатниот мирис од зелката додека се вари ќе го ублажите и ако во водата додадете лажица или две оцет, големо парче бајат леб или ако тенџерето го покриете со чиста кујнска крпа натопена во мешавина од вода и оцет.

Пржевте кромид или лук, ја измивте тавата но во неа како да се вовлекол мирис кој ви смета?Затоа после миење на тенџерето или тавата истријте ја со свежи листови од нане.

За да го спречите непријатниот мирис кој често се чувствува кога варете јајца треба во водата за варење да ставете корка леб.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.