Во кои производи се крие „сладкиот непријател“, шеќерот?

Објавено: 13 април, 2013, во 09:00 часот

Кога велат дека се обидуваат да го намалат внесувањето на шеќер во организмот многу жени мислат на колачите, чоколадите и кексите во кои со мерка уживаат. Сепак шеќерот се наоѓа и во многу други производи за кои често и не помислуваме па е можно килограмите да не се топат и покрај тоа што сме се откажале од чоколадите. Погледнете каде се крие овој „сладок непријател“.

Во вашиот сендвич!

Знаете дека мајонезот има многу калории па затоа на сендвичот ставате повеќе кечап? Кечапот содржи многу сол но и шеќер па затоа не претерувајте!

Вода со вкус

Водата со вкус звучи пријатно и нискокалорично но во реалноста има шеќер како и многу други сокови. Ако сакате да изгубите на килограми во обична вода ставете неколку капки лимон,портокал или лимета.

Сокови и шејкови од продавница!

Освен ако сами не сте ги направиле во поголем број на сокови и шејкови кои ги купувате во продавница се наоѓа голема количина на шеќер. Не зборуваме за половина лажиче шеќер туку за количина која се наоѓа во две топчиња сладолед.Токму затоа добро размислете пред да го купите вашиот омилен сок.

Пченични снегулки

Многу девојки ги јадат за појадок бидејќи сметаат дека тоа е ниско калоричен и лесен оброк но поради количината на шеќер која ја содржат би било подобро да ги јадете повремено а во појадокот вклучете сендвич со мисиркина шунка и салата, варени јајца или грчки јогурт и овошје.

Зеленчук од конзерва

Ова сигурно не го очекувавте! Многу производители на зеленчук во конзерви во смесата ставаат и шеќер! Сите конзерви би требало на нив да имаат список на состојки па лесно можете да проверите дали вашиот здрав зеленчук од конзерва всушност ќе биде како десерт за вашата фигура.

Прелив за салати

Често јадете салата но секогаш ја залевате со „здрав“ прелив? Имајте на ум дека овие преливи се често полни со шеќер и сол па затоа салатата прелијте ја со обичен јогурт или со комбинација на масло и оцет./Б.Н.Т

Извор: Index.hr

 

.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.