Заборавете на масажа, со вежбање се намалува болката во мускулите!

Објавено: 14 април, 2013, во 12:40 часот

Масажата и вежбите во иста мерка ја намалуваат болката од воспаление на мускулите после тренингот, откриле експертите кои веруваат дека  тоа е затоа што испуштаат млечна киселина.

Масажата после вежбањето долго се сметала за најдобро решение за болките и воспалението на мускулите. Но новото истражување открива дека исто дејство на телото има и дополнителното вежбање.

Масажата не е подобра од вежбањето туку и двете се подеднакво добри, тврди Ларс Андерсен, автор на студијата и истражувањето што го спровел во националниот истражувачки центар за работно опкружување во Копенхаген.

Жените кои учествувале во испитувањето работеле вежби за раце. Два дена подоцна дошле со болки во трапезниот мускул. На скалата од еден до десет болката ја оцениле со пет.

Едното рамо им го масирале 10 минути а за другото рамо работеле вежби за опуштање.

Впечатокот го почувствувале веднаш после десет минути а болката се намалила.

Не е јасно зошто масажата и вежбањето ја намалуваат болката но се верува дека помага во исфрлање на млечната киселина.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.