Пушењето предизвикува брчки околу усните!
Објавено: 15 април, 2013, во 09:54 часот
Пушењето полошо влијае на изгледот на женската кожа отколку на кожата кај мажите.
Сите сме свесни дека кожата предвреме ќе ни остари од претерано изложување на сонце но како да го игнорираме фактот дека пушењето е поштетно за изгледот и младоста на нашата кожа.
Независно од тоа дали сте активен или пасивен пушач, пушењето предизвкува стеснување на крвните жили во горните слоеви што го ограничува протокот на кислород и хранливите состојки во кожата, вклучувајќи го и витаминот А.
Некои слоеви од димот на цигарата ги уништуваат колагенските влакна кои ја прават кожата цврста и еластична а бидејќи никотинот е диуретик,пушењето ја суши површината на кожата.
Еве неколку последици од пушењето врз кожата
1. Лице на пушач! Овој израз потекнува од 1965 година кога научниците забележале дека лицето на пушачот е со карактеристично сива, нееднаква боја а кожата на лицето е полна со брчки. Испитувањето потврдило дека пушењето ве прави десет години постари што е јасен доказ за поврзаноста на пушењето и стареењето на кожата. Притоа пушењето повеќе делува на лицето на жената отколку на мажот.
2. Брчки околу очите. Поради трепкањето,односно несвесното спречување на димот да влезе во очите, се создаваат длабоки брчки околу очите. Од димот на цигарата очите стануваат уморни со темни кесиња под нив.
3. Брчки околу усните. Постојаното набирање и изложеност на топлина од горењето на цигарата прави брчки околу усните а тие стануваат суви и збрчкани.
4. Опуштена, збрчкана кожа со уништување на еластинот. Кожата се опушта на различни места на лицето. Кај пушачите освен на лицето, кожата се опушта и на внатрешната страна на рацете и градите. Испитувањето го ставило пушењето во самиот врв на причините за спуштени гради.
Можеби ова ќе ве поттикне да размислите уште еднаш да престанете со пушење.
