Која храна е најдобра а која најлоша за алергии!
Иако сите и се радуваат на пролетта, на шарените билки и сонцето, за некого овој период од годината е сепак ноќна мора. Мислиме, секако, на луѓето кои страдаат од алергии а тие за жал од година во година се се побројни.
Алергиите навистина можат да го нарушат квалитетот на животот па ако оваа пролет не сакате да бидете затворени во четири ѕида прочитајте која е најдобра а која најлоша храна за алергии.
Најдобра
Јаболка
Многу одамна се знае дека јаболкото е навистина здраво овошје. Поради својот состав, посебно витаминот Ц, може да заштити од алергија и асма, покажале неколку истражувања. Освен тоа лушпата на јаболкото содржи антиоксиданси кои ја подобруваат функцијата на плуката. Сличен состав имаат и кромидот, портокалот и јагодите па и тие можат да помогнат кај проблемите со алергиите.
Црвено грозје
Антиоксидансите скриени во црвеното грозје имаат силна против воспалителна моќ која докажано благотворно делува на симптомите на алергија. Едно истражување од 2007 година покажало дека медитеранската храна која вклучува црвено грозје, портокали и јаболка ги ублажува алергиските симптоми како што се затнат нос или болки во грло.
Топли напитоци
Многу често алергиските симптоми вклучуваат искашлување на секрет и пецкање на грлото. Кај таквите проблеми можат да помогнат топли напитоци само е значајно да бидат што е можно по топли. Најдобро е да се конзумира топол чај од билки но може да помогне и топла супа. Ако не можете да се натерате да пиете многу топли напитоци пробајте да вдишувате, на пример, пареа од чај бидејки и тоа може да помогне.
Најлоша
Целер
Одреден вид на овошје и зеленчук можат да предизвикаат орални синдром на алергија атоа најчесто се појавува во пролет. Симптомите се чешање во устата и во грлото. Многу често го предизвикува целерот како и праска, киви и диња. Ако забележите вакви проблеми после конзумирање на одредено овошје или зеленчук, да знаете дека сте алергични.
Зачинета храна
Иако многумина сакаат да ја јадат, зачинетата храна знае да предизвика алергиски реакции. Симтомите се течење на носот, солзење на очите а може и кивање.
Алкохол
Дали сте забележале дека понекогаш после конзумирање алкохол ви тече крв од носот? Тоа не мора да е силно, едноставно на хартиените марамчиња се појавуваат траги од крв. Алкохолот предизвикува ширење на крвните садови па така доаѓа до благо крварење. Освен тоа, проверете во каква состојба е вашата кожа по ноќ помината со алкохол. Се ова се знаци дека сте алергични на алкохол.