Една банана дневно ви ги брише подочниците а ананасот брчките!
Една банана дневно ќе ви го намали собирањето на вода под очите и создавање на подочници а за спречување на акните треба да се пие јаболков оцет.
Најдобро за кожата
Aнанас треба да се јаде барем еднаш неделно за да го поттикне производството на колаген во кожата. Лененото семе е одличен додаток на јадењата, бидејќи е богато со есенцијални масни киселини кои го спречуваат внатрешното сушење на кожата. Кај појавата на акни козметичарите предлагаат исфрлање на токсините од телото со терапија која се состои од пиење јогурт ,но и од мешавина на вода со јаболков оцет.
Најдобро за косата
Витаминот А е клучен за сјајна и здрава коса како и за поттикнување на растот на косата. Поради тоа добро е да се збогати храната со свеж морков. Семките од тиква се одличен извор на цинк и витамин А, кои помагаат во јакнење на косата па затоа треба повеќе да се јадат при проблеми со штитната жлезда или после породување.
Најдобро за ноктите
За убави и цврсти нокти се препорачува да се јаде просо, но и темен лиснат зеленчук како спанаќ и кељ.
Smoothie за појадок
Состојки: 3 дл вода, мала главица сечкана салата, 3-4 гранчиња целер, неколку листови спанаќ, 1 јаболко, 1 круша, 1 банана и сок од половина лимон.
Подготовка: Исечената зелена салата и вода ставете ги во блендер. Штом салатата добро ќе се исече, додадете го целерот, јаболкото и крушата а по неколку минути бананата и сокот од лимон.