Зголемување на градите на природен начин!
Голем број на жени сакаат да ги зголемат своите гради а при тоа да ги избегнат операциите и пресеците при вградување на силикони. Силиконите стануваат се попристапни, трошоците се пониски но самите ефекти се полоши. Жените се чувствуваат неудобно, силиконските импланти создаваат голем проблем, затоа се почесто се одлучуваат за природни и здрави начини за зголемување на своите гради.
Проблемот со мали гради се сретнува во главно кај девојките и жените со мала телесна тежина,односно кај слабите лица. Познато е дека дојката се состои од масно ткиво. Со зголемување на тежината директно влиајаете и на обемот на вашите гради. Овие жени мораат да ја зајакнат својата исхрана но исто така да консумираат и доволно количина на течности бидејќи хидратацијата е исто така важна. Препорачаната минимална доза на течност изнесува 1,5 литри дневно. Градите се зголемуваат за време на бременоста. Имено во тој период кај жената се создава голема количина на естроген кој ги зголемува дојките. Денес постојат и разни препарати, креми на база на естроген со чие нанесување се постигнуваат одредени ефекти.
Можете да се одлучите и за специјални вежби кои можат да ги истакнат градите. Една од вежбите подразбира да лежите на грб со стиснати дланки на вашите рамена и да се подигнете до нивно потполно исправање.Другата вежба се прави исто така во лежечка положба,на грб,со широко испружени раце кои во иста положба ги дигате и спуштате. Пожелно е да се употребат мали тегови. Исто така се препорачува и масажа на градите, со притискање одозгора надоле и обратно.
Уште една метода која се користи кај природното зголемување на градите е БРАВА систем. Потполно природна метода, со која дојката на природен начин се полни со ткиво, без каков и да е пресек или белег. Се состои од две посебно дизајнирани полуцврсти корпи со силиконски рамки и еден миникомпјутер чија улога е да го произведува и одржува притисокот во корпите. Се употребува дома. Корпите се со различна големина зависно од вашата желба, изгледот на телото или по совет на специјалист. Со ова се добива и специјален градник кој служи корпите и миникомпјутерот да бидат на своето место.