Ве мачи несоница, внимавајте на срцето?!
Лицата кои страдаат од несоница би требало да го проверат срцето. Тие се изложени на зголемен ризик од инсуфициенција или попуштање на срцето, тврдат норвешки лекари.
Експерти во Отсекот за јавно здравство на Универзитетот за наука и технологија од Трондхејм следеле над 54 000 лица на возраст од 20 и 89 години, во период од 11 години. Забележале дека лицата кои страдаат од три симптоми на несоница трикратно биле склони на срцев застој во споредба со лицата кои не ги мачи лошиот сон.
“Го поврзавме ризикот од застој на срцето со трите главни симптоми за несоница, вклучувајќи ги потешкотиите за време на заспивање, проблеми при спиењето и немање чувство на свежина наутро. Заклучивме дека лицата кои страдаат од несоница имаат зголемен ризик од инсуфициенција на срцето а анкетираните кои ги имаат сите три симптоми на несоница се изложени на многу поголем ризик,“ објасни Ларс Лаугсанд, водач на студијата објавена во весникот “European Heart Journal”.
Тој посочи дека неговиот тим открил врска меѓу овие две појави која не е причинско последична. Имено, според Лаугсанд, експертите не можат во потполност да потврдат дека несоницата всушност е причина за застој на срцето.
“Ни нам се уште не ни е јасно зошто несоницата е поврзана со зголемен ризик од затајување на срцето. Имаме некои индикации дека причината би можела да биде биолошка а единственото можно објаснување би било дека несоницата го активира одговорот за стрес во телото кое негативно може да се одрази на функцијата на срцето,“ констатира Лаугсанд.